Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

10 несекојдневни човечки приказни - 4 дел (Живее со половина мозок)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

10 несекојдневни човечки приказни - 4 дел (Живее со половина мозок)

Пишување by najforumce on Чет Апр 10 2008, 11:27



Кога имала седум месеци приметивме некои работи. Моето девојче на чуден начин ја држеше стегната дланката од десната рака. Десната нога воопшто не ја движеше. Кога ќе посакаше да се заврти приметивме дека тоа не го прави така како што очекувавме. Набљудував и други деца и сватиф дека нешто не е во ред. Десната страна на мојата Кејси (2) едноставно не функционираше како што треба. - раскажува мајката Стефани Смит (21) од Англија. Посетиле ноколку доктори, а првиот шок го доживеала кога докторите и рекле дека ќерка и доживеала мозочен удар.

Бев потполно шокирана, но сакав да породолжам и да издржам до крај - вели мајката. Па затоа ја однела ќерка и на уште еден лекарски преглед.

Се сеќавам кога пред себе ја видов докторката, но не ја слушав. Гледав во нејзината уста која се отвараше, но без звук - објаснува Стефани. Она што го слушав беше беше неразбирливо, а дијагнозата, лаички, беше многу едноставна и пошокантна од се останато. Малата Кејси се родила без половина мозок.

Знаете, Кејси е толку посебна. Погледајте ги нејзините очи, неможев да поверувам - вели Стефани. А тогаш и ја покажале рендгенската снимка. На една страна се оцртуваше голема црна флека. Флека која означува празнина. Таму би требало да биде делот од мозокот кој влијае на говорот, слухот и моторичките вештини. Тоа беше голем шок за кратко време, кој мајката ја направи уште појака. Кејси затоа денес е нормално девојче. Среќа во несреќа е тоа што е се уште дете па докторите предвидуваат дека страната од мозокот што постои со тек на време ќе ги превземе функциите од страната што недостасува.

Добро напредува. Сака играчки особено кукли. Игра со нив. Се смее на ликовите од цртаните, плаче кога е тажна или кога нешто не е по нејзино. На прв поглед не постои разлика поѓу неа и нејзините врсници. Од друга страна Кејси не зборува многу. Малку мрмори кога игра, а десната страна како да заостанува од нејзиното тело. Накратоко, послабо е мобилна од левата. Ваквата состојба е голема реткост. Докторите познаваат само неколку вакви случаи во целиот свет. Среќа е што Кејси е сепак само дете.

Детскиот мозок е невораватен. Возрасен човек без половина мозок сигурно би умрел, но постои голема можност дека половината од мозокот на девојчето ќе ги превземе функциите од другиот дел - објаснува проф. Колин Блекмур, специјалист за човечки мозок.

Стефани и Кејси сега секојдневно одтат на физикална терапија и се надеваат дека наскоро ќе се развие и нејзиниот говор, и осетот на нејзината рака и нога.
avatar
najforumce
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот