Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Sugababes во Скопје на 17 мај

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Sugababes во Скопје на 17 мај

Пишување by najforumce on Вто Мар 25 2008, 00:27



"20 March 2008
New Sugababes show in Macedonia
Free Event! Saturday 17th May 2008 in Skopje City Square, Skopje, Macedonia" - www.sugababes.com

Британското поп-трио „Шугабејбс“, кои се најуспешните женски изведувачи на 21 век во својата татковина, со 16 хита на топ-листите, на 17 мај ќе има бесплатен настап на плоштадот Македонија во Скопје, беше објавено завчеравечер на нивната интернет-страница. Дознаваме дека повод за настанот е ребрендирањето на „Македонски телекомуникации“ во T-Home, но од компанијата не сакаа официјално да ја потврдат изведбата на атрактивната тројка. Засега е сигурно дека „Шугабејбс“ ќе дојдат во Скопје на 17 мај, а зошто концертот е најавен како бесплатен, ќе биде познато во наредниот период. Според последните истражувања во Велика Британија, „Шугабејбс“ е најпопуларното женско име во земјата во новиот милениум, со 16 хита - зад нив се Бритни Спирс и Пинк со 14, Анастасија со 13, а дури на петтата позиција е Мадона, со 12 топ-нумери. Дејвид Робертс, уредник на весникот посветен на британските хит-синглови и албуми, вели дека оваа земја има долга традиција на популарни женски групи. „Бананарама“ доминираше во 80-тите, „Спајс грлс“ беа исклучително популарни во 90-тите, а новиот милениум им припаѓа на „Шугабејбс“ - вели Робертс од „Бритиш хит синглс енд албумс“.

Групата „Шугабејбс“ е основана во 1998 година, досега објави 21 сингл (шест од нив го освоија врвот во Британија) и освои или беше номинирана за неколку престижни „Брит“ и „Ем-ти-ви“ награди. Дебитира со студиски албум во 2000 година, до денес објави уште четири, но и една збирка на сите синглови. Сите дискови на „Шугабејбс“ досега се пласираа меѓу најдобрите 40 изданија на топ-листите во повеќето земји во светот. Тие во 2003 година освоија „Брит-награда“ за најдобар денс-изведувач. Во основачката постава на „Шугабејбс“ членуваа Шивон Донахју, Мутја Буена и Киша Бјукенан. Првата си замина од групата во 2001, а втората во 2005 година. На нивно место дојдоа Хајди Ренџ и Амел Бераба. Иако некои од критичарите се уверени дека изгледот е причина за успехот на бендот, девојките велат дека не ја користат сексуалната привлечност за да бидат во фокусот на светската јавност.

- Мора да покажете нешто (или горе или долу), но не да разоткриете се' одеднаш. Направивме фотосесија во долна облека за фирмата „Прити Поли“. Тоа оди во прилог кога продавате сингл, но ние не изгледаме до толку евтино и нападно како „Пусикет долс“ - смета Амел. Спотовите на „Шугабејбс“ се на редовната програма на најпопуларните музички канали во светот, настапува секаде во светот, а во нивната листа со живи изведби е запишана и таа на фестивалот „Глестонбери“. Приватниот живот на триото ретко се појавува во англиските таблоиди, но неколкупати се пишуваше за односите во групата.


Изданијата на поп-триото

Албум: One Touch

Објавен: 27 ноември 2000
Тираж во Британија: 220.000
Сертификат: Златен



Албум: Angels with Dirty Faces

Објавен: 26 август 2002
Тираж во Британија: 914.000
Сертификат: Троен
платинумски


Албум: Three

Објавен: 27 октомври 2003
Тираж во Британија: 853.000
Сертификат: Двоен
платинумски



Албум: Taller in More Ways
Објавен: 10 октомври 2005
Тираж во Британија: 883.000
Сертификат: Двоен
платинумски



Албум: Change
Објавен: 8 октомври 2007
Тираж во
Британија: 431.211
Сертификат: Платинумски
avatar
najforumce
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот