Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Во октомври голем концерт во чест на Тоше на Градски

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Во октомври голем концерт во чест на Тоше на Градски

Пишување by najforumce on Саб Мар 15 2008, 17:49



Голем меѓународен концерт со гостувања на многу популарни домашни и странски пејачи во чест на Тоше Проески ќе се случува во октомври на местото на кое трагично загинатата македонска и балканска пејачка ѕвезда го одржа својот последен настап пред домашната публика на 5 октомври 2007 година - Градски стадион.

Членовите на Координативното тело за заштита на ликот и делото на Тоше Проески ќе се состанат идниот вторник, а на состанокот ќе бидат утврдени деталите околу организацијата, листата на пејачи и прецизниот термин на одржување на концертот. „Концертот произлезе како заклучок на Владата, а идејата за негова организација ја прифати и семејството“, не' информираше Елизабета Канчевска-Милевска, државeн секретар во Министерството за култура и член на Координативното тело.

Координативното тело завчера доцна попладне го одржа својот последен состанок на кој беше констатирано дека меѓународниот конкурс за идејното решение на спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево е завршен, а во тек е формирање жири-комисија во која, покрај членовите на семејството Проески, ќе има еден меѓународен член. „До овој момент се пристигнати осум идејни решенија од земјава, а во наредните денови очекуваме да стасаат и од странство. Досега беа подигнати 20 апликации“, вели Канчевска-Милевска.

Како што се најавува, во текот на месецов Министерството за транспорт и врски ќе почне со изградба на патот од Крушево до манастирот „Свето Преображение“, а истовремено објектот ќе биде обезбеден и со струја.

Координативното тело за заштита на ликот и делото на Тоше Проески преку информација до Владата се заложи и за отстапување простор за работа на Фондацијата „Тоше Проески“ во Скопје.
avatar
najforumce
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот