Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

2012 година?????

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

2012 година?????

Пишување by Jimmy on Саб Фед 23 2008, 01:58

Тие што барале по книги/интернет нешто околу мистериите на античкиот свет веројатно наишле на бројот, односно годината 2012. Тие што не гуглале за 2012 година обавезно да проверат на гугл или кај и да е. Јас, како човек кој во последниве години знаел да посвети по ден-два (некогаш и повеќе Very Happy ) барајќи било какви информации за разни Атлантиди,можам да кажам дека бројката 2012 ја имам видено прилично многу пати. Се до пред околу една недела не знаев што значи, ама и кога дознав – не ми се веруваше многу, бидејќи беше спомната во област за која немав никакви претходни знаења, а врска немав како би можела да биде поврзана со тоа што го барав.Секаде каде што прочитав, годината 2012 се спомнува како многу важна (читај - најважна) година.

1.Се почнува од Маите, и нивниот календар, кој и ден-денес се смета за најточниот календар некогаш направен, поради тоа што се заснова на движењето на небесните тела (главно Сонцето, Меркур и Венера). Имено, Маите си развиле нивен систем на сметање на времето..

Број на денови / Израз
1 / Kin
20 / Uinal
360 / Tun
7200 / Katun
144000 / Baktun

За почетен датум на својот календар го одредиле 11 август 3114 година п.н.е.
Системот, т.е. начинот на запишување е прилично интересен.
На пример, 5.16.0.7.0 значи 5х144,000 + 16х7200 + 0х360 + 7х20 + 0х1, што е еднакво на 835,340 денови од започнувањето на календарот.
Е тука е интересниот дел. Според Маите, календарот завршува со 13-тиот бактун (Baktun), што значи 1,872,000 денови од почетокот на календарот, или 21 декември 2012 година, денот на зимската рамноденица. Не е јасно и тоа како успеале толку прецизно да погодат кога е рамноденицата, кога немале нели денови, месеци, години, туку само бројки. Баш и не се потрудиле да објаснат што потоа.. значи, не се знае што значи според Маите крајот на календарот.

2.Сумерите,пак верувале во “планета на боговите” (планета од која дошле/се симнале боговите), и си ја крстиле таа планета Нибиру (Nibiru). Nibiru наводно не е откриена до сега поради нејзината чудна орбита (под поголем агол од било која друга планета во Сончевиот систем, и со спротивна насока на движење), која ја носи надвор и повторно назад во Сончевиот систем во одредени временски периоди. Со оваа планета владее(ла) раса позната како Анунаки (Anunnaki), за кои има многу теории. Според една, имало нешто караници помеѓу “боговите”, и дел од нив дошле на Земјата, каде што нашле многу злато, кое пак, било потребно за обновување на заштитната (атмосферска?) обвивка на Nibiru. Пак се карале, тепале, кој знае што.. после некое време решиле да ја населат Земјата со раса на робови, и по пат на генетски модификации ги создале првите примероци на хомо сапиенс (а.к.а. луѓето), и им дале нешто власт. Луѓето како луѓе се побуниле, си почнале да си владеат по нивно и, ги стигнала “небесна казна”. “Боговите” Anunnaki ја потопиле површината на која живееле луѓето, нешто што е познато како библискиот Голем Потоп (Голема Поплава, сеедно). Дел од населението успеало да се спаси и да го продолжи човековиот род (уште една библиска референца – а Библијата не е ништо друго освен збирка на изминати настани, ама тоа во друга прилика – бродот на Ное).Се ќе си беше супер, и приказнава ќе си останеше само тоа – приказна, да не постоеше – што друго освен бројката 2012. Имено, токму во годината 2012 е сместено враќањето на оваа планета (позната и како Planet X), и се смета за екстремно важен настан на повеќе нивоа, кои повторно – изненадување – не се наведени, туку за кои само се шпекулира.

3.Индиго деца???кој слушнал ок кој не слушнал тука.имено и во оваа област 2012 година е пресвртница.Се смета дека ќе настане просветлување кое ќе ги опфати сите индиго луѓе, и дека светот од 3Д ќе премине во 4Д, т.е. дека просветлените ќе живеат околу останатите луѓе кои нема да можат да ги видат, бидејќи нема веќе да имаат земни тела, односно ќе бидат во таа четврта димензија.

4.Тука некаде е и чичко Нострадамус, кој пак во своите катрени пишува за ”опасност, оган од небото”. Некои луѓе ова го поврзуваат со нападите врз WTC зградите во Њујорк, само заради тоа што Нострадамус напишал за ”оган од небото” во 1999 (а се знае дека датумите/годините во неговите катрени се приближни). Меѓутоа не може со сигурност да тврдиме дека ете некој стварно ги протолкувал стиховите, па дека тоа е апсолутната вистина. Имено, Нострадамус пишува дека тој ”оган од небото” ќе го означи почетокот на Трета Светска војна.. од 2001 наваму видовме 2-3 војни (поточно интервенции), кои беа/се далеку од светска војна..Затоа, оваа референца може да се однесува и на блиската иднина, односно на почетокот на овој век/милениум.

Единствениот заклучок кој можев да го извлечам од сите статии кои ги имам прочитано до сега е дека НЕШТО ќе се случи таа, 2012 година. Што, не знам, ама едвај чекам да дознаам

avatar
Jimmy
Пензионер
Пензионер

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by Jimmy on Саб Фед 23 2008, 03:08

еве клипче за планетата X или Нибиру

avatar
Jimmy
Пензионер
Пензионер

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by Kosta on Саб Фед 23 2008, 03:25

Да почекаме да видиме што ќе се деси :laugh:

_________________
Кај ми е сонцето бе !?
avatar
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение :
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

Преглед на профилот на членот http://www.najforumce.fairtopic.com

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by Jimmy on Саб Фед 23 2008, 03:26

сакале не сакале ќе почекаме ама ме интересираат ваши мислења во врска со оваа 2012 година ?!?!
avatar
Jimmy
Пензионер
Пензионер

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by Vlado-Tornado on Саб Фед 23 2008, 03:45

Ме смрзна видеово ....
avatar
Vlado-Tornado
Администратор
Администратор

Male
Cancer

Треснал Глупости : 297
Поени : 10
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Ден на регистрирање : 2007-05-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by Vlado-Tornado on Саб Фед 23 2008, 03:46

Имав читано доста за ова... ама не знаев дека Нибиру се вклопува во целава приказна .... ниту пак би ставил вонземјани во сево ова .... страшно во секој случај
avatar
Vlado-Tornado
Администратор
Администратор

Male
Cancer

Треснал Глупости : 297
Поени : 10
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Ден на регистрирање : 2007-05-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by MaX on Саб Фед 23 2008, 04:24

Ќе го пратиме Брус Вилис да не спаси!!! :laugh:
Не се зезам страшно е во секој случај
avatar
MaX
Вирус
Вирус

Male
Cancer

Расположение :
Треснал Глупости : 2547
Поени : 70
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 33
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-12

Преглед на профилот на членот http://www.najforumce.com

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by Jimmy on Саб Фед 23 2008, 04:33

макс да беше астероид ќе го пратевме Брус ама ова е планета и ќе треба Чак Норис да го пуштиме.ама батали сеирот ова нешто ги има здрмано и мозоците од НАСА
avatar
Jimmy
Пензионер
Пензионер

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by 1MM0rtalis on Саб Фед 23 2008, 22:38

интересно морам да признаам ама искрено
мислам дека ова нешто го слушав од Том Крус кажвеше во една документарка нешто слично на ова не сум сигурен дали сум во право па попрајте ме ако грешам иначе алал да ти е Џими добра статија
avatar
1MM0rtalis
VIP
VIP

Male
Capricorn

Треснал Глупости : 730
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 29
Се наоѓам : UNDERWORLD
Ден на регистрирање : 2007-06-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by Jimmy on Пон Фед 25 2008, 01:22

еве мал апдејт:

I. Шуманова резонанца

Сте чуле за Шумановата резонанца? Ни јас немав слушнато ама слушнавSmile. Шумановата резонанца е "пулсот" на Земјата, која “пулсира” на фрекфенции од 6/7 до 50 херци, поточно 7.8, 14, 20, 26, 33, 39 и 45 херци. Откако била откриена во 1952, и измерена во 1954 година, вредноста на Шумановата резонанца била константа – 7.8 херци, и точно поради оваа константна вредност била (и сеуште е) користена од војската (главно американската). Но, почнувајќи од 80-тите години, вредноста на Шумановата константа постојано се зголемува, за денес да има вредност од 12 до 13 херци.

II. Магнетно поле

Со зголемувањето на вредноста на Шумановата резонанца, забележано е и намалување на силата на земјиното магнетно поле. Токму ова поле ни ги дава магнетните север и југ (кои не се поклопуваат со географските север и југ, туку се во нивна близина), и токму ова поле не штити од сите штетни зрачења од вселената (космички, ултравиолетови, микробранови зраци). Со намалувањето на силата на земјиното магнетно поле се намалува и способноста на истото да не штити од тие штетни зрачења, и се зголемува изложеноста на Земјата (и целиот жив свет) на тие зраци, што, нормално, не е баш добро.
Има уште еден интересен податок поврзан со полето.. имено, ова намалување е карактеристично за периодот пред смената/превртувањето на магнетното поле. Ова не е ништо чудно, ниту ново, зашто се има случено повеќе пати во минатото на Земјата. Од 1854 година, кога првпат е измерен (пронајден) магнетниот север, до денес, тој северен магнетен пол си “шета” во близина на северниот географски пол.Тоа “превртување” што го спомнав неколку редови погоре всушност е буквална смена на северниот со јужниот магнетен пол – северниот магнетен пол ќе се најде во близина на јужниот географски пол, и обратно – јужниот магнетен кај северниот географски. Феноменот се повторува во временски период од десетина илјади до неколку стотици илјади години. Последнен пат ваква промена се случила пред 750,000 години.

Е сега, да ги поврзам претходните два параграфи заедно.“Предвесник” на смената на магнетните полови е намалувањето на силата на земјиното магнетно поле. Постепено се намалува, и се намалува, се додека магнетното поле целосно не се изгуби на 2-3 дена (тогаш настанува промената),па повторно се појавува. Два дена целосно изложување на сите можни штетни зраци кои ќе не бомбардираат од вселената.Се смета и дека самата Земја престанува да ротира околу својата оска, и по некое време повторно почнува да се врти, но во спротивна насока.Случајно овие промени се проследени и со големи временски непогоди, од типот на урагани, поплави/цунами, земјотреси, и појава на lightning superstorms, или огромни бури кои испуштаат стотици молњи во секунда.

III. ПА

Секој што стигнал до тука веројатно се прашува: “А каква врска има се ова со 2012?”

До 2012, Шумановата резонанца ќе има вредност од 13 херци.Ледено доба се случува отприлика на секои 11,000 години, а како причинители се вбројуваат космичка (сончева радијација), нагли промени во климата, па и Ел Нињо. Последното Ледено доба беше пред.. 11,000 години. Од прилика тогаш се случил и Големиот Потоп, и (за тие што веруваат) тогаш негде исчезнале АтлантидитеSmile.

IV.Крај?????

Зголемување на вредноста на Шумановата резонанца (од 7.8 на 13 херци) слабеење на магнетното поле (10-15% за последните 150 години) поголема изложеност на разни зрачења од вселената, Ice Age во 2012??? или .......
avatar
Jimmy
Пензионер
Пензионер

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by Kosta on Пон Фед 25 2008, 01:37

Хаха незнам дали ќе има Ica Age во 2012 кога во февруари оваа година надвор е 25 степени :laugh:

Иначе ова:

Се смета и дека самата Земја престанува да ротира околу својата оска, и по некое време повторно почнува да се врти, но во спротивна насока.

Доста интересантно

_________________
Кај ми е сонцето бе !?
avatar
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение :
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

Преглед на профилот на членот http://www.najforumce.fairtopic.com

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by Ike on Нед Мар 09 2008, 02:39

Moжеби животот нема да згасне од планетата нибиру...
Како што технлогогијата напредува,се имзислуваат и нови МНОГУ ЈАКИ оружја за војни,сигурно ќе има трета светска војна...Како што сите држави имаат атомски бомби...Пола планета ќе умре...Исто така земјотреси,активни вулкани,глад,вируси,невреме и многу други помали фактори...

Ike
Black Snake

Male
Virgo

Треснал Глупости : 39
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 24
Се наоѓам : Велес
Ден на регистрирање : 2008-02-16

Преглед на профилот на членот http://www.fanta.forumotion.com

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by windofchange999 on Нед Мар 09 2008, 03:07

Косте е баш заради то ќе има Ice Age. Зш се топет половите и слатката вода од Гредланд иде у Голфската струја и ќе ја прекине нејзиниот тек.

Што се однесува до 2012, сите народи зборуваат за таа година, и осебено за периодот околу 2011-2013, време кога многу работи ќе се прочистат. На каков начин е то останува времето да покаже, ама времето како што ДРЕВНИТЕ МАИ добро го познавале, ИСТЕКУВА.

Иначе баш се чека да 95% од земјината популација исчезне, тоа е глобалниот план на елитата која го владее светот, уживајте, како што тие ќе речат Незнаењето е благослов, односно за нив е благослов што ние незнаењето некои работи.

А за трета војна, нема да има војна со бомби и силни видливи оружја, туку со биолошки и хемиски оружја како нешто кое "природно" се случува, како грип и други работи.
avatar
windofchange999
Почетник
Почетник

Треснал Глупости : 6
Поени : 0
Репутација : 0
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-08-06

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by Александар on Чет Мар 13 2008, 16:25

neznam zosto pocvite da navleguvate vo tie raboti,zarem neznaete deka spored biblijata eden den ke ni se sudit na site bez razlika na nacionalnosti,zarem vie mislite deka vo 2012 god ke se desi nesto cudo.....po moe milslenje sve to e zirenje na nekoja si propaganda,sepak golem poz do jimmy i nemojte tolku da se zamisluvate za 2012 god,pa se nadevam deka ke ja docekame.poz
avatar
Александар
Македонија

Расположение :
Треснал Глупости : 664
Поени : 12
Репутација : 0
Ден на регистрирање : 2007-06-03

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by DeadSociety on Пет Мар 14 2008, 06:16

moe mislenje e deka go imame chuck noris i so to site problemi se resheni !

hm... mora neshto kako Rusija, Kina , Amerika ili sho ti znam jas tamu da napravat prashina od toa shto i se zakanuva na zemjata.
avatar
DeadSociety
Вирус
Вирус

Male
Cancer

Треснал Глупости : 18
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 30
Се наоѓам : StrugaF
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by stole on Чет Мар 20 2008, 02:47

Mislam seto ova e super i stvarno interesna tema, ama sepak poveke sum za ZIVEJ SI GO ZIVOTOT NAJUBAVO SO MOZIS A ZA TOA SO IDE , NE MISLI MNOGU OTI AKO E PISANO TAKA, TAKA I KE BIDE . POZZ

stole
Почетник
Почетник

Male
Taurus

Треснал Глупости : 13
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 26
Се наоѓам : kavadarci
Ден на регистрирање : 2008-03-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by ~The Vampire~ on Вто Aвг 12 2008, 22:31

Вчера гледав една емисија во врска со оваа мистерија.
Се зборуваше дека во земјата внатре има магнетно зрно кое не штити од "експлозии" кои ги пушта сонцето во правец накај земјата. Доколку прекине тоа магнетно зрно да се врти, крај е, ама тоа тек ќе се случело по милијарди години. Потоа зборуваа за некое магнетно невреме кое го имало порано во 1997 и 2003( но не било ништо сериозно), а следното се очекувало да биде во 2012. Со тоа се уништувала електрониката, струјата прекинува наеднаш и немало да има со недели, и со тоа доаѓа до тотална катастрофа во земјата. Колку е ова вистина, ќе видиме тогаш.
avatar
~The Vampire~
Администратор
Администратор

Female
Libra

Расположение :
Треснал Глупости : 1353
Поени : 75
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 28
Се наоѓам : Некаде помеѓу земја и небо
Ден на регистрирање : 2008-02-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by Kosta on Вто Aвг 12 2008, 23:18

~The Vampire~ напиша: Се зборуваше дека во земјата внатре има магнетно зрно кое не штити од "експлозии" кои ги пушта сонцето во правец накај земјата. Доколку прекине тоа магнетно зрно да се врти, крај е, ама тоа тек ќе се случело по милијарди години.

По милијарди години и сонцето ќе престани да свети, ко ќе виш фита фит ќе сме со сонцето и пак ќе си сме живи сите :smileJ: Wink

_________________
Кај ми е сонцето бе !?
avatar
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение :
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

Преглед на профилот на членот http://www.najforumce.fairtopic.com

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by ~The Vampire~ on Вто Aвг 12 2008, 23:34

Kosta напиша:
~The Vampire~ напиша: Се зборуваше дека во земјата внатре има магнетно зрно кое не штити од "експлозии" кои ги пушта сонцето во правец накај земјата. Доколку прекине тоа магнетно зрно да се врти, крај е, ама тоа тек ќе се случело по милијарди години.

По милијарди години и сонцето ќе престани да свети, ко ќе виш фита фит ќе сме со сонцето и пак ќе си сме живи сите :smileJ: Wink

Ако сонцето прекине да свети т.е. да постои, животот на земјата ќе издржи само 10 дена и ќе има тотално изумирање така да сите ќе цркнеме :iconflowerhr4:
avatar
~The Vampire~
Администратор
Администратор

Female
Libra

Расположение :
Треснал Глупости : 1353
Поени : 75
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 28
Се наоѓам : Некаде помеѓу земја и небо
Ден на регистрирање : 2008-02-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by borisd on Сре Aвг 13 2008, 02:58

~The Vampire~ напиша:
Kosta напиша:
~The Vampire~ напиша: Се зборуваше дека во земјата внатре има магнетно зрно кое не штити од "експлозии" кои ги пушта сонцето во правец накај земјата. Доколку прекине тоа магнетно зрно да се врти, крај е, ама тоа тек ќе се случело по милијарди години.

По милијарди години и сонцето ќе престани да свети, ко ќе виш фита фит ќе сме со сонцето и пак ќе си сме живи сите :smileJ: Wink

Ако сонцето прекине да свети т.е. да постои, животот на земјата ќе издржи само 10 дена и ќе има тотално изумирање така да сите ќе цркнеме :iconflowerhr4:

Сите ке умреме еден ден!
avatar
borisd
Banned

Male
Sagittarius

Расположение :
Треснал Глупости : 1887
Поени : 70
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : 41.18°N 20.68°E
Ден на регистрирање : 2007-05-17

Преглед на профилот на членот http://www.myspace.com/boris_d

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by Александар on Сре Aвг 13 2008, 13:11

teloto ke umre dusata e besmrtna
avatar
Александар
Македонија

Расположение :
Треснал Глупости : 664
Поени : 12
Репутација : 0
Ден на регистрирање : 2007-06-03

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by pyromaniac on Пон Сеп 29 2008, 03:41

Ледено доба се случува отприлика на секои 11,000 години, а како причинители се вбројуваат космичка (сончева радијација), нагли промени во климата, па и Ел Нињо.



Знаев дека е посебен! Знаев!

(извинете ама 3 сато е ептен ми е досадно)Smile
avatar
pyromaniac
Студент
Студент

Male
Capricorn

Расположение :
Треснал Глупости : 32
Поени : -1
Репутација : -1
Поминат рок на траење : 27
Се наоѓам : Лево
Ден на регистрирање : 2007-12-10

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by DOKTOROT on Нед Окт 12 2008, 18:38

Jimmy dobar home work moram da priznaam, a so ke se sluci nikoj ne znae bidejki imaa 600 varijanti za toa sto i kako ke bide, e vaka sea ja ke ti kazam neso drugo, od NASA e zabelezan asteroid koj pominuva na nekolku godini vo nasata galaksija, zaboraviv kako go krstija Smile, ali nema veze eve so e rabotava, vo 2029 godina ke pomine nesto ponisko od nasite sateliti i ako ne mavne togas , vo 2036 sigurno mava vo zemjata, i 1/3 od zemjata ke bide u prav i cad, i tuka ke izbie treta svetska vojna, i neprimetno togas mava uste eden pogolem asteroid koj nikoj nema da go primeti najverojatno zaradi vojnata i toj asteroid unistuva 95-98% od zemjinata popilacija ke preziveat onie sto se negde dlaboko pozadi celicni vrati, toa e ona sto go imama procitano, toa od NASA kao e vistina a ova samo nekoj si gi povrzal rabotite (ova so vojnive).
avatar
DOKTOROT
Почетник
Почетник

Male
Sagittarius

Треснал Глупости : 2
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : Skopje
Ден на регистрирање : 2008-10-12

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 2012 година?????

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот