Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Pretty Woman имитација - FAIL

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Pretty Woman имитација - FAIL

Пишување by GBL on Сре Мар 31 2010, 18:18

Еден милионер и проститутка во реалниот живот ги “одиграа“ улогите на Ричард Гир и Џулија Робертс, но нивната приказна немаше холивудски, среќен крај. Милионерот Роберт Брот ја тужи проститутката Линдзи ДеЛеон затоа што ја изиграла неговата добродушност.



57 годишниот Брот ја запознал двојно помладата Линдзи преку сајт за ескорт девојки. Таа му рекла дека се бави со проституција затоа што како самохрана мајка во долгови мора некако да дојде до пари.

Милионерот се “затрескал“ во Линдзи, па сакајќи да биде нејзиниот витез на бел коњ и' понудил помош и престој во неговиот дом само за да ја промени професијата. Линдзи ја прифатила помошта, но не го исполнила својот дел од ветувањето, па штом се вселила во домот на Роберт во Оклахома, почнала да ги нуди своите “услуги“ на сајтови за возрасни.



ва го дознал Роберт и поднел тужба до Врховниот суд во Менхетен во која наведува дека госпоѓицата ДеЛеон го измамила и лажејќи дека ќе ја промени професијата го навела да потроши повеќе од 100.000 долари на неа. Имено, според Брот, се договориле таа да ги врати парите штом најде нова работа.

Линдзи ДеЛеон одбила да го коментира случајот, а Ендру Милтенберг, адвокат на милионерот ќе изјави: „Роберт Брот има големо срце. Се заљуби во неа и веруваше дека ќе и' помогне да си го промени животот“, пренесува Daily Mail. Како компензација за “повреденото срце“ Роберт бара неговата несудена љубов да му исплати 90.000 долари.

Колку што знаеме, добрите луѓе беа оние кои помагаа без да бараат нешто за возврат, но господинот Брот изгледа малку ги помешал нештата. Неговата “добродушност“ и Ричард Гир имитација заслужува FAIL. А, за Линдзи само ќе се потсетиме на поговорката “Еднаш *цензуриран збор*, засекогаш *цензуриран збор*“.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот