Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Места на кои Купидон царува

Go down

Места на кои Купидон царува

Пишување by GBL on Чет Мар 25 2010, 21:42

Сакате секс авантура, нова љубов или враќање на искрите во старата? Доколку ви треба Купидон да ве подбоцне со стрелата, ви пренесуваме на кои места од светот тоа најдобро ќе му успее.



Според експертите од Sunday Times Travel Magazine, постојат 12 светски дестинации кои во секој ќе ја разгорат искрата на страста.

Рим

Со своите пенливи фонтани, “распеани“ калдрми и енергија доволна за лансирање на ракета, италијанската престолнина не е залудно прогласена за еден од “најблудните“ градови.

Берлин

Ова е идеална дестинација за младите патници желни за авантура. Берлин е познат по тоа што не се грижи многу за правилата, туку ја игнорира забранатa за пушење во клубовите и нуди луда забава 24/7.



Париз

Не му треба особено претставување на овој град. Самиот факт дека Париз го нарекуваат град на љубовта кажува доволно.

Стокхолм

Минусните температури не значат дека и страста е заледена. Баш напротив, посетителите на оваа северна престолнина ќе бидат изненадени од нејзината двојна природа : мраз на површината, врела енергија под неа.

Тангиера

Ако сакате да ја замените Европа со нешто поегзотично, упатете се кон Тангиера - мароканскиот град на зачините. Некогашното хедониситичко собиралиште на писатели, азиланти и шпиуни од целиот свет, се'уште оддишува со врелина која го забрзува пулсот на љубовниците.

Истанбул

Овој центар на некогашната Отоманска империја, денеска е местото на кое се среќаваат истокот и западот, запрено во времето со силуетите на џамиите и звуците на ориентот кои излегуваат од околните барови. Кој би му одолеал?

Санкт Петерсбург

За оние кои сакаат да се греат во кревет со својот партнер на температури под нулата, Санкт Петерсбург е одлична дестинација во која можете страста да ја подгреете и во бројните водка-барови.



Хавана

Со својата топла клима, колонијална архитектура и привлечни звуци на самба кои се слушаат насекаде, Хавана сигурно ја придвижува крвта. Бидете подготвени за сцени како од филм, каде исончани убавици спонтано почнуваат да танцуваат средe градoт.

Њуjорк

Покрај Лондон, Севиља и Сан Тропе како сигурен погодок секогаш останува Сексот и градот лично: Њујорк. Заразната енергија на Големото Јаболко е опеана во филмовите, а оние кои се сингл сигурно нема тоа и да останат после посетата на овој град.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот