Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Откриен непознат предок на човекот

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Откриен непознат предок на човекот

Пишување by GBL on Чет Мар 25 2010, 21:38

Досега непознат вид на хоминид кој живеел пред околу 40.000 години е идентификуван на Сибир со помош на малку ДНК пронајдена во делче на коска и упатува на постоењето на изгубена линија на предци на човечкиот род, објавија вчера германски научници



Хоминидот, од кого е пронајдено делче од прст во 2008. во пештерата во Денисов, на Алтајската гора, наводно живеел во исто време како и неандерталците и модените луѓе.

Станува збор за до сега непознат тип на хоминид, според Јоханес Краусе од институтот Макс Планк за еволуциска антропологија од Лајпциг, Германија и неговите колеги кои анализирале дел од неговата митохондриска ДНК.

Тие за магазинот Nature изјавија дека би требало да се вратиме милион години наназад доколку сакаме да пронајдеме заеднички предок на хоминидот од Денисов, модерниот човек и неандерталците.

Новиот хоминид наводно е потомок на посебен миграциски род од афричкиот континент, поразличен од предците на неандерталците и хомо сапиенсот.

До неодамна се претпоставуваше дека токму неандерталците и хомо сапиенсот се единствените претставници на човечкиот род кои живееле пред 40.000 години. Откривањето на малиот човек на индонезискиот остров Флорес во 2003. чиј најмлад фосил е стар 13.000 години упати на постоење на трет човечки вид, а хоминидот од Денисов би можел да биде четвртиот изумрен вид и поради тоа „потребна е ревизија на историјата на човечкото постоење во Евроазија“, истакнува британскиот стручњак Теренс Браун во коментар за Nature.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот