Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Ќерката која ја напуштила на првиот роденден сакала да ја продава како проститутка

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Ќерката која ја напуштила на првиот роденден сакала да ја продава како проститутка

Пишување by GBL on Сре Мар 17 2010, 21:01

Британскиот таблоид The Sun објавил приказна на една девојка чија биолошка мајка, која е зависник од крек и хероин пробала да ја наговори да се бави со проституција за да и собере пари за дрога.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Британката Кандис Гаркли (19) била напуштена од мајка и на првиот роденден. На 13 годишна возраст решила да ја пронајде, па наредните 5 години вложила се во истрагата. Таа го знаела само името на мајка и, датумот на раѓање и имала стара фотографија.

Кендис знаела дека жената на татко и не е нејзината биолошка мајка и постојано се прашувала зошто мајка и ја напуштила. Татко и и кажал дека нејзината мајка Шели (39) избегала со друг маж, дека е наркоманка и дека се бави со проституција, но Кендис не му верувала.

Кон крајот на 2008 година Кендис го дознала телефонскиот број од мајка и и заминала во Лондон. "Во трговскиот центар сретнав полицајци и им кажав дека ја изгубив мајка ми. Им ги дадов информациите што ги знаев и тие го пронајдоа нејзиниот телефонски број во криминалното досие" - кажала Кендис. Средбата со неа ја закажала за наредниот ден.

"Тоа требаше да биде исполнување на мојот сон, но излезе вистински кошмар" - кажала девојката. Нејзината биолошка мајка Шели немала заби, косата и била бушава и седа, а живеела во хотел и се дрогирала.

"Престанала со херонот, но почнала да користи крек. Немаше пари за метадон па и дадов 20 фунти иако тоа неможев да си го дозволам". Мајката и ќерката се гледале секој вторник и четврток, а Кендис на секоја средба и носела разни мобилни и пари кои ги позејмувала од роднините и пријателите.

"Почнав да се жалам дека веќе немам пари. па Шели ми кажа дека свежото месо како мене добро се плаќа и дека таа на почетоткот заработувала по 300 фунти неделно" - кажала Кендис. Разочарана и должна 1500 фунти, Кендис заминала кај роднините во Ирска и го прекинала контактот со мајка и .

Новинар на The Sun побарал и коментар од Шели а тој гласел вака - "Се што кажа Кендис е точно. Би сакала мојот живот да е поинаков и да се сменам. Сакам да воспоставам однос со неа, но секогаш кога се обидувам да го променам мојот живот се враќам на старо. Жалам што не бев подобра мајка, но сега е прекасно".

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот