Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Челзи се соочува со голманска криза, Трнбул ќе брани против Вест Хем

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Челзи се соочува со голманска криза, Трнбул ќе брани против Вест Хем

Пишување by BuDaLoTo_DeTe_ on Саб Мар 13 2010, 03:06

Карло Анчелоти потврди дека голман Рос Трнбул ќе дебитира во Премиер Лигата против Вест Хем откако се повреди и Хиларио.






Третиот голман на Челзи Трнбул, кој пристигна од Мидлзборо, ќе настапи на дуелот со Чеканите откако Хиларио заработи повреда на препоните.

Карло Анчелоти од претходно не може да смета на услугите на Петр Чех, кој се повреди на дуелот со Интер.

Стратегот на Челзи денеска потврди дека сеуште не се знае дали Чех или пак Хиларио ќе се опорават за вторник и реванш дуелот со Нероаѕурите па постојат шанси Трнбул да биде помеѓу стативите и за дуелот со шампионот на Италија.

“Хиларио нема да може да настапи утре, па на голот ќе го имаме Трнбул.” – рече Анчелоти.

“Не знаеме дали Хиларио или Петр ќе бидат подговени за дуелот во вторник (против Интер во Лигата на Шампионите).”


“Чех работи со физиотерапефтите. Тој не тренираше на теренот па тешко е да се опорави на време за дуелот со Интер.“

“Хиларио се повреди на дуелот со Стоук и не можеше да тренира оваа недела. На клупата ќе го имаме Рис Тејлор, нашиот млад голман од резервниот тим.“

“Но јас не сум загрижен премногу, перформансите на тимот не зависат многу од голманот. Не сакам да кажам дека можеме да играме без голман, бидејќи голманот е важен играч, но јас имам доверба во Трнбул.“

“Тој нема многу настапи оваа сезона но со работата со тренерот на голманите тој се подобри многу.“

“Немам никаков проблем да играм со Трнбул против Интер.“

За дуелот со Вест Хем, Анчелоти нема да може да смета на дефанзивецот Рикардо Карваљо, но Португалецот ќе биде подготвен за дуелот со Интер.
avatar
BuDaLoTo_DeTe_
Најjакиот
Најjакиот

Male
Sagittarius

Расположение :
Треснал Глупости : 149
Поени : 446
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 24
Се наоѓам : kaj Megan Fox
Ден на регистрирање : 2009-06-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот