Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Солени реформи во Њујорк

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Солени реформи во Њујорк

Пишување by GBL on Пет Мар 12 2010, 20:17

Грижата на челниците на Њујорк за своите граѓани доби сосема нова димензија, откако постои реална можност во иднина градот да ги казнува рестораните кои додаваат сол во храната.



Ако се прифати предлог законот на еден советник, со 1.000 долари ќе бидат казнувани рестораните кои додаваат сол на храната.

Феликс Ортиз, предлагачот на овој закон, смета дека вака ќе им се овозможи на гостите сами да одберат дали сакаат да јадат солена храна или не.

Администрацијата на градоначалникот Мајкл Блумберг веќе го забрани пушењето на речиси сите јавни места, ги забрани нездравите незаситени маснотии кои се создаваат при подготовката на храната и ги натера рестораните покрај секој оброк во менито да ја наведат и калориската вредност на истиот. Блумберг се залага и за воведување на нов данок на газираните пијалаци, за да се намали процентот на дебели Њујорчани.

Се проценува дека во градот има 1.5 милиони луѓе кои патат од зголемен крвен притисок, па градоначалникот сака да ги поттикне сограѓаните да конзумираат помалку сол, што би можело да го намали проблемот.

Но Блумберг не е радикален како Ортиз, па предлага доброволно намалување на количината на сол за четвртина во наредните пет години, пренесува Telegraph.

Ортиз пак смета дека со забраната за засолување на храната при подготовката би можело да се спасат 100.000 животи. Очигледно е дека човеков никогаш не си приготвил оброк сам...

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот