Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Александар Велики

Go down

Александар Велики

Пишување by Caihlem on Пет Ное 16 2007, 18:17

Слично како Наполеон, Александар бил низок. Имал руса коса и црвени образи и според одредени извори, едното око му било сино, а другото црно. Додека бил дете, за него главно се грижела мајка му Олимпија, за која легендата вели дека дека води потекло од Ахил и Херкулес.

Татко му Филип, откако ја зацврстил власта во Македонија ги освоил и грчките градови-држави. Иако Македонците ги прифатиле грчкиот јазик и култура, Грците продолжиле да ги сметаат за нецивилизирани.

Над се, Александар бил голем воен командант, којшто сам ги водел
своите војници во сите битки. Кога Плутарх му ја изложил теоријата дека вселената е бесконечна, Александар се разочарал. На прашањето зошто, одговорил: „Има толку многу светови, а јас уште не сум освоил ниту еден“.

1. Бил ученик на Аристотел. Колку познати водачи можат да се
пофалат дека нивен личен учител бил еден од најголемите филозофи?
Филип, таткото на Александар, од сите славни филозофи од Атина, го
одбрал токму Аристотел да му биде учител на неговиот 13 годишен син. Двајцата биле префрлени во градот Миза, длабоко во територијата на Македонија, каде што Аристотел го учел младиот принц географија, зоологија, политика и медицина. Александар бил под големо влијание на учењата на својот учител и од своите походи постојано му праќал нови растителни и животински видови за проучување.

2. Го скротил коњот Букефал. Филип го купил прекрасниот коњ Букефал по екстремно висока цена, но никој не можел да го скроти и јава. Александар забележал дека коњот се плаши од сопствената сенка и се обложил со татко му дека ќе успее да го скроти. Потоа, го свртел коњот кон сонцето, за да не може да си ја гледа сенката и успеал да го јавне и скроти. На ова татко му одговорил: „Момче, мора да си најдеш кралство соодветно на твоите амбиции. Македонија е мала за тебе“. Букефал останал личен коњ на Александар се додека не загинал во битка на територијата на денешен Пакистан.

3. Престолот на татко му го презел брзо и безмилосно. По смртта на
татко му, не губел време и ги елиминирал сите кандидати за престолот. Дури и наредил на мајка му Олимпија, да убие еден од неговите полубраќа, син на најновата жена на Филип. Следните две години ги поминал во задушување на бунтовите што се појавиле во териториите освоени од татко му. Најстрашен бил случајот со побунетиот грчки град Теба, каде што 30.000 жители биле убиени или продадени како робови, а градот бил срамнет со земја. Имајќи го на ум овој случај, во следните 12 години, ниту еден од грчките градови не се побунил за време на неговите освојувачки походи во Азија.

4. Ја доусовршил Македонската фаланга. Највпечатлив елемент на
македонската воена машинерија била фалангата. Развиена од Филип,
фалангата била единица составена од 256 војници, наредени во 16 редови со по 16 луѓе. Биле заштитени со оклоп и шлем, а главното оружје им биле 6 метри долгите копја од дреново дрво. Првите редови од фалангата копјата ги држеле спуштени и го поттиснувале непријателот, а задните исправени и со тоа го криеле погледот кон позадината. На рамен терен фалангата била непобедлива. Покрај фалангата, Александар на располагање имал и лесна пешадија, стрелци и коњаница. Благодарение на Филип, целата македонска армија била професионална и војниците не се занимавале со друга работа, како што било случај во тоа време, кога армиите се распуштале за време на жетва. Благодарение на тоа, војниците
биле многу подобро обучени од своите противници.

5. Го поминал Хелеспонт. Откако ја зацврстил својата власт во
Македонија и Грција, Александар решил да тргне кон Персија, каде што владетел бил Дарие Трети. За таа цел собрал армија од 32.000 пешадијци и 5.000 коњаници. Во 334 година пр.н.е. со 60 бродови го преминал Хелеспонт, морскиот премин меѓу Азија и Европа, денес познат како Дарданели. Но, како голем љубител на Хомер, првото што го направил по пристигнувањето во Азија било да го посети градот Троја.

6. Го одврзал Гордиевиот јазол. Според легендата, фригискиот крал
Гордиј, кој живеел во денешна централна Турција, на кочијата врзал
јазол којшто никој не можел да го одврзе. Постоело пророштво кое велело дека тој што ќе успее да го одврзе Гордиевиот јазол, ќе владее со Азија. Александар сакал да го одврзе јазолот но, тој немал ниту еден крај. Затоа, го извадил мечот, го пресекол и рекол: „Го одврзав!“. Оттогаш поимот Гордиевиот јазол се користи за опишување тешки проблеми со неконвенционално решение.

7. Бил прогласен за божји син. Откако ги поразил Персијците во
битката кај Исус, Александар решил да оди во Египет, кој бил под
персиска управа повеќе од 200 години. Египќаните ги мразеле Персијците поради нивната верска нетолерантност и големите даноци што им ги наметнале. Египќаните го прогласиле Александар за фараон и со Грција започнале културна размена којашто траела во следните 300 години. Додека бил во Египет, Александар извел опасно патување преку пустината до храмот на богот Амон. Легендата вели дека по патот бил воден од гаврани, а небото го наградило со дожд. Кога дошол до храмот, свештениците го прогласиле за син на богот Амон.

8. Го основал градот Александрија. Покрај уништувањето на градови,
Александар основал 20 нови и ги нарекол според себе. Најпознат од нив е градот на Средоземното море, во делтата на реката Нил. На местото на персиската тврдина, бил изграден град во грчки стил. Александрија подоцна се развила во космополитски град со големо пристаниште, училишта, театар, а најпознат е по големата библиотека. Со градот управувале Грци но, на Египќаните им било дозволено да ги практикуваат своите обичаи и религија. Сепак, услов за да се стане жител на градот бил да се знае грчкиот јазик.

9. Ги поразил Персијците. По една година помината во Египет,
Александар тргнал да му нанесе конечен пораз на персискиот крај Дарие Трети. Во низините на Гугамела, Дарие собрал армија составена од 200.000 луѓе за да и се спротивстави на војската на Александар, која броела 47.000 војници. Александар тргнал во напад во центарот на боиштето со цел да го најде Дарие, а неговите крила ги разбиле Персијците и го уништиле нивниот поредок. Дарие избегал од боиштето но, подоцна бил убиен од еден од неговите војници. По оваа победа, Александар ги освоил градовите Вавилон и Персеполис, главниот град на Персија и бил прогласен за Крал на Азија. За да ја зацврсти власта, почнал да се облекува како Персиец и се оженил со нивна принцеза но, тоа не било прифатено од Македонците и Грците во неговата армија.

10. Ја проширил империјата до Индија и умрел како рок ѕвезда.
Александар сметал дека Азија завршува со Индија. Сакајќи да го освои целиот континент, тргнал со армијата на исток. Набрзо станало јасно дека Азија е многу поголема отколку што сметале и војниците почнале се погласно да бараат да се вратат назад. Александар, гледајќи дека моралот е многу опаднат, решил да го прифати барањето но, наместо да се вратат назад по истиот пат, решил најпрвин да одат на југ, до океанот, а потоа да се движат по брегот, назад кон Персија. Ова било голема грешка, бидејќи во пустината Гедросан, од глад и жед, умреле 15.000 војници од неговата армија, што е поголема загуба отколку во сите битки претходно. Откако се вратил во Вавилон, била организирана голема забава на која испил голема количина алкохол, а потоа се разболел, најверојатно од маларија. Починал неколку дена подоцна, со неполни 33 години.
avatar
Caihlem
Почетник
Почетник

Треснал Глупости : 22
Поени : 0
Репутација : 0
Се наоѓам : Струмица
Ден на регистрирање : 2007-09-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Александар Велики

Пишување by SteelTemplar on Вто Ное 20 2007, 22:28

IRON MAIDEN - ALEXANDER THE GREAT

my son ask for thyself another
Kingdom for that wich I leave
Is too small for thee
(king philip of macedonia - 339 b.c.)

Near to the east
In a part of ancient greece
In an ancient land called macedonia
Was born a son
To philip of macedon
The legend his name was alexander

At the age of nineteen
He became the macedon king
And he swore to free all of asia minor
By the aegian sea
In 334 b.c.
He utterly beat the armies of persia

Alexander the great
His name struck fear into hearts of men
Alexander the great
Became a legend mongst mortal men

SteelTemplar
Jehovah

Male
Scorpio

Расположение :
Треснал Глупости : 425
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

МАКЕДОНСКИ

Пишување by Ke4eR on Пон Мар 15 2010, 20:05

Александар МАКЕДОНСКИ !
avatar
Ke4eR
Почетник
Почетник

Male
Capricorn

Расположение :
Треснал Глупости : 27
Поени : 60
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 22
Се наоѓам : Ти тоа да вииш !
Ден на регистрирање : 2010-02-07

Преглед на профилот на членот http://www.historyofmacedonia.org/macedonia

Вратете се на почетокот Go down

Re: Александар Велики

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот