Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Институт Охрид: Економската криза - предизвик за Владата

Go down

Институт Охрид: Економската криза - предизвик за Владата

Пишување by GBL on Сре Мар 10 2010, 17:30

Несинхронизираност на фискалната и монетарната политика во мерките за соочување со кризата, забележале во мониторингот од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид за периодот ноември 2009 – јануари 2010 година.



„НБРМ, поведена од нејзината стриктна определеност да ја одржува фиксноста на девизниот курс на денарот, спроведуваше исклучително рестриктивна монетарна политика, чија последица е повеќемесечната деструктивна состојба на дефлација во економијата“, рече презентерот на делот на економија, професорот Томе Неноски, на денешната презентација на Извештајот од следењето и оценката за реализирањето на програмските активности на Владата.

Според Извештајот, тоа ја остави фискалната политика осамена во битката со кризата.

Во Извештајот се предупредува на пролонгирањето на економската криза, со која се соочуваат и другите земји, а главен предизвик за Владата ќе биде да се справи со кризата поради нејзиното дејство врз главните економски партнери на Македонија, како Германија, Русија, Италија, Грција и Србија.

Во однос на надворешната политика во Извештајот стои дека: „Во однос на преговорите за името што Македонија го води со Грција, под покровителство на Обединетите Нации, во периодот на известувањето е направен голем чекор напред. Имено, по завршувањето на изборите во Грција и по конструирањето на нова влада, се интензивираа контактите меѓу двете влади...“

Се препорачува да се вложат дополнителни напори во реформите во Партнерството за пристапување и да не се откажува од зацртаната цел – почеток на преговорите за членство во Унијата.

Во извештајот се поместени видувања, нереализирани и реализирани проекти, како и предизвици од Програмата на Владата за периодот ноември 2009 – јануари 2010 година и во областите на образование, здравство, трговија, правосудство, социјална политика, земјоделство, градежништво и транспорт.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот