Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Трајановски: Скопје ќе стане препознатлив град

Go down

Трајановски: Скопје ќе стане препознатлив град

Пишување by GBL on Вто Фед 09 2010, 17:21

Околу 80 милиони евра би требало да чини реализацијата на проектот „Скопје 2014“.



Ова денеска на прес - конференција го изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски, појаснувајќи дека станува збор за повеќегодишен проект и средства што доаѓаат и од државата но и од приватни инвеститори.
Трајановски рече дека Градот Скопје го поддржува овој проект, бидејќи градот ќе добие нов лик и ќе стане препознатлив.

„Сите градови во државите околу нас имаат оформено плоштади, ние доцниме“, рече Трајановски.

Според него, реализацијата на овој проект има и економска димензија, односно ќе бидат отворени многу работни места за време на градењето.
Скопскиот градоначалник истакна дека овој проект ќе биде важен и од туристички аспект, бидејќи туристите ќе може да уживаат во содржините во центарот на градот.

„Овој плоштад е значаен за државата. Тој е идентитетот на државата“, рече Трајановски, додавајќи дека станува збор за градби што ја отсликуваат македонската традиција.
Градот Скопје, како што најави скопскиот градоначалник, во проектот „Скопје 2014“ ќе учествува со обнова на фасадите на дел од објектите што гравитираат кон плоштадот, како и со обнова на оградите на два моста, мостот во близина на хотелот Холидеј Ин, и мостот кај комплексот банки.

Според него, за обнова на фасадите од градската каса ќе бидат потрошени меѓу 15 и 20 милиони денари.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот