Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Европската унија е истоштена

Go down

Европската унија е истоштена

Пишување by GBL on Вто Фед 09 2010, 17:16

Европската унија пати од разнишана самодоверба, според коментарот на весникот „Гардијан“, кој констатира дека Европа е збунета и го изгубила местото помеѓу велесилите.



Повод за ова е претстојниот Самит на шефовите на државите или владите на 27-те европски лидери со новиот претседател на ЕУ, Херман Ван Ромпуј.

Сепак, Европа самитот го дочекува во една состојба на невообичаена потиштеност и изнемоштеност. Во позадина стои Лисабонскиот договор кој требаше да ги залечи европските болки и да го започне упростувањето на процесите на одлучување, да ги поедностави процедурите и да обезбеди силни и кохерентни раководства.

Меѓутоа, таму каде што требаше да има согласување, настана конфузија, и наместо јасно утврдено лидерство се појави борбата за влијание и ривалски претседатели. Весникот потсетува дека американскиот претседател Барак Обама, минатата недела порачал дека е презафатен за да присуствува на мајскиот европско-американски самит во Мадрид. Стејт Департментот јасно ставил до знаење дека една од причините за отсуството на Обама е тоа што по Лисабонскиот договор, на Американците не им е јасно со кого треба да комуницираат.

Според „Гардијан“, за безнадежноста во Европската унија најмногу придонел климатскиот самит во Копенхаген. Европејците, кои две години тврдеа дека го предводат светот во борбата против климатските промени, се соочија со фактот дека силите на глобално ниво се променети и ЕУ од првата се симна во втора лига.

Затоа, пишува „Гардијан“, Ван Ромпуј во четврток, на европскиот самит ќе проба да го намали европскиот впечаток за немоќ со тоа што ќе ги натера учесниците на самитот да размислат за следните чекори.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот