Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Топилницата под будното око на инспекторатот за животна средина

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Топилницата под будното око на инспекторатот за животна средина

Пишување by GBL on Пон Фед 08 2010, 16:46

Инспекторатот за животна средина будно ја следи состојбата во велешката Топилница, и државните инспектори во текот на 2009 година постапиле по 1.600 предмети, јави за Макфакс дописникот од Велес.



"Будно ја следиме состојбата во топилницата. Доколку дојде до транспорт на било какви материи или на згурата кај Топилницата, државниот инспекторат за животна средина мора да биде известен од сопствениците на комбинатот", изјави Фирус Мемед, директор на инспекторатот.
„Кога една фирма е во мирување повеќе од три години, согласно со законот мора за истата одново да се води целата постапка при вадење на дозвола за работа. Затоа и сметаме дека Топилницата во Велес е терен кој засега е добро контролиран„ додаде Мемед.
Според него, бројот на постапки е зголемен за 20 проценти за разлика од претходната година и тоа е доказ дека се успешни и им излегуваат во пресрет на барањата на многу граѓани ,институции и невладини организации.
„Во наредниов период треба институционално да зајакнеме како и технички да се доопремиме. Нашата работа е многу обемна и затоа треба да се создадат услови за нејзино извршување“ вели Филип Иванов, директор на Управата за животна средина.
Согласно законските прописи секоја Општина треба да има назначено инспектор за животна средина. Локалната самоуправа во Велес е меѓу првите во државата која оваа законска обврска ја има исполнето.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот