Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Протест против проектот „Скопје 2014“

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Протест против проектот „Скопје 2014“

Пишување by GBL on Саб Фед 06 2010, 20:07

Повеќе од илјада граѓани го поддржаа протестот против проектот на владата и општина Центар - „Скопје 2014“, што денеска се одржа на плоштадот Македонија во организација на НВО „Плоштад Слобода“.



Повеќе од илјада граѓани го поддржаа протестот против проектот на владата и општина Центар - „Скопје 2014“, што денеска се одржа на плоштадот Македонија во организација на НВО „Плоштад Слобода“.

На протестот беше забележливо големото присуство на полицијата, а присутни беа и повеќемина јавни личности, политичари и интелектуалци кои не се согласуваат со започнатиот проект за „новото“ Скопје.

„Денешниот протест има за цел да покаже колку луѓе се против намерата на владата и на градоначалникот на Општина Центар да го уништи скопскиот плоштад и централното скопско јадро. Ние сме презадоволни од посетеноста бидејќи успеавме за само два дена да собереме над илјада луѓе на плоштадот кои ја поддржуваат оваа иницијатива“, изјави Никола Наумовски од „Плоштад Слобода“- организаторите на протестот. Според него, власта нема пари за реализација на овој проект.

Артан Груби, претседателот на граѓанското движење „Разбуди се“, не се согласува со проектот „Скопје 2014“ бидејќи, според него, проектот ги руши меѓуетничките и меѓуверските односи помеѓу двете најголеми заедници во Македонија и дека „сценариото на владата наликува на филмот 2012 и сака да го уништи Скопје“.

На протестот беа поделени и спрејови од страна на организаторите, за присутните да можат слободно да го изразат својот револт на, според нив, „илегално поставените“ лимови на плоштадот, и набргу потоа беа преполни со графити како „Жена парк, без жени“, „Исус бил демократ“, „Скопјаништа бре!“ итн.

Ивана Драгшиќ, од „Плоштад Слобода“ изјави дека визијата за Скопје во 2014 е неприфатлива и тие ќе се борат против неа.

„Се зборува за стотици милиони евра во период кога Македонија има 300 илјади невработени и во Македонија децата сè уште низ некои училишта во земјата учат во земјанки. Има многу поважни работи кои треба да се средат и ако сакаме да го зачуваме заедништвото не треба да промовираме проекти кои што предизвикуваат верска и етничка нетрпеливост. Оваа идеја е мачоистичка и ги вклучува само мажите, бидејќи во ниедна од скулптурите не е претставена жена или пак Албанец, Турчин или било кој друг претставник на било каква општествена група во нашето општество“, вели Драгшиќ.

НВО „Плоштад Слобода“ најави и други акции и иницијативи со кои ќе се бори за да не се реализира проектот „Скопје 2014“.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот