Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Нови правила и обврски за увоз на употребувани возил

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Нови правила и обврски за увоз на употребувани возил

Пишување by BuDaLoTo_DeTe_ on Чет Фед 04 2010, 19:41

Скопје, 4 февруари (МИА) - Во наредните шест месеци македонските
граѓани ќе можат да увезуваат возила со ЕУРО 1, а во наредните шест
години возила со ЕУРО 2 емисиони стандарди. Тоа го овозможуваат
новите подзаконски акти за условите и стандардите што треба да ги
исполнуваат употребуваните возила кои во иднина ќе се увезуваат на
домашниот пазар што денеска ги пропиша Министерството за
економија.



Министерот за економија Фатмир Бесими ги потпиша Правилникот за
идентификација и/или идентификација и оцена на техничката состојба на
возилата и Правилникот за единечно одобрување на возило, што ја
третираат оваа област, а кои произлегуваат од Законот за возила. Со
овие подзаконски акти им се овозможува на граѓаните во период од 6
месеци да увезат употребувани возила кои ги исполнуваат ЕУРО 1
стандардите, а во наредните 6 години, возила кои ги исполнуваат ЕУРО 2
емисионите стандарди, соопшти Министерството за економија. Правилниците,
како што информираат од Министерството за економија, стапуваат на сила
веднаш по објавувањето во „Службен весник на Република
Македонија“. Покрај патничките возила, со Правилникот за
единечно одобрување на возило се опфатени и возилата од категориите: М
(за превоз на патници), Н (за превоз на стоки) и О (приколки). Новина
во правилниците е дека увозниците на возила претходно ќе треба да ја
спроведат царинската постапка, а потоа да извршат проверка на
сообразноста на возилото (хомологација). Во случај увозникот да не
добие позитивна оцена за сообразност (хомологација), средствата за
спроведување на царинската постапка ќе му бидат вратени.Со
усвојувањето на овие подзаконски акти се овозможува спроведување во
практика на одлуката на Владата на Република Македонија за олеснување
на условите и постапките за увоз на користени автомобили и легализација
на автомобилите со странски регистарски таблички во земјата.
avatar
BuDaLoTo_DeTe_
Најjакиот
Најjакиот

Male
Sagittarius

Расположение :
Треснал Глупости : 149
Поени : 446
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 24
Се наоѓам : kaj Megan Fox
Ден на регистрирање : 2009-06-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот