Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Американскиот психо ќе игра и пее

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Американскиот психо ќе игра и пее

Пишување by GBL on Сре Фед 03 2010, 16:40

Контроверзниот роман „Американски Психо“ по кој е направен истоимениот филм со Кристијан Бејл во главната улога, наскоро би можел да биде адаптиран во театарска варијанта.



Њујоршките продуценти Дејвид Џонсон, Крег Рослер и Џеси Сингер планираат да направат мјузикл темелен на славното дело на Брет Истон Елис за банкарот од Вол Стрит кој од хоби повремено се занимава со измачување и садистичко убивање луѓе.

Во екот на економската криза кога банкарите од Вол Стрит се исклучително непопуларни и во јавноста третирани како најголемо зло на американското оптшество, продуцентите дојдоа на идеја дека би било забавно да се прикажат банкарите убијци како играат и пеат.

Музиката и текстот ќе ги пишува Данкан Шеик, а самата драма ќе ја адаптира Роберто Агуире-Сакаса кој моментално работи на серијата на НВО, „Big Love“.

Шеик изјави дека повторно ја прочитал книгата на Брет Истон Елис и ја смета за „исклучително литерарно остварување на раните 90-ти кое всушност ја раскажува вонвременската приказна за алиенација“.

„Навистина, што би можело да биде посубверзивно и позабавно од банкари убијци кои сложно си пеат?“, изјави музичарот за ЛА Тајмс.

Датумот на премиерата се' уште не е познат.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот