Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Стипендија на невиноста

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Стипендија на невиноста

Пишување by GBL on Сре Фед 03 2010, 16:39

Новозеландската 19-годишна студентка која на веќе виден начин си испланира заработка од продажбата на правото за „прва посета“ на нејзиниот химен објави дека за оваа привилегија прифатила понуда од 32.000 долари.



Студентката која понудата ја постави на страницата idee.co.nz, изјавувајќи дека парите и требаат за школарина, прими повеќе од 1.200 понуди од напалени потенцијални дефлоратори.

„Се согласив на понудата која далеку ги надмина моите очекувања“, изјави младата девојка за оваа страница и им заблагодари на сите кои учествуваа на јавното наддавање (односно нудеа пари за да спијат со неа, нешто што во повеќето културни земји се нарекува проституција).

Претставувајќи се под псевдонимот „unigirl“, младата жена се опиша како атрактивна, со добро здравје и без претходни сексуални искуства.

Нејзиниот оглас предизвика бројни реакции на Нов Зеланд, земја чии законски прописи во подрачјето на проституцијата се меѓу најлибералните во светот.

Сопственикот на интернет страницата Рос МекКензи потврди дека уплатата е извршена, според пишувањето на весникот Ваикато Тајмс. „Со оглед на тоа дека во понудата нема ништо противзаконско и навредливо, одлучивме да постапиме како и со сите наши огласи“, изјави сопственикот.

Очекувано се огласија и од новозеландската заедница на родители изразувајќи „стравувачка тага“ за начинот на кој девојката одлучила да го финансира своето школување, како и од синдикатот на проститутки кои ја повикаа малата да ги исконтактира поради „практични информации“ за реалноста на сексуалното работење.

И најинтересно би било доколку истава девојка еден ден, за 10 години на пример, ја сретнеме во весници како тужител во случај против својот надреден, обвинувајќи го за сексуална злоупотреба на работното место...

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот