Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Стуб: Што поскоро да се реши спорот со името

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Стуб: Што поскоро да се реши спорот со името

Пишување by GBL on Вто Фед 02 2010, 15:40

Поголема вклученост на Европската Унија во процесот за името и негово надминување по април.




Вакво очекување денеска во Скопје изрази шефот на финската дипломатија, Александар Стуб по средбата со македонскиот колега, министерот Антонио Милошоски.

„Што се однесува до поголема вклученост на ЕУ, секако ја поддржуваме и, иако во декември не успеавме да одредиме датум за почеток на преговорите, очекувам и се надевам дека тоа ќе се реши во март или април. Мислам дека треба да започнеме сериозни разговори околу проблемот. Доколку сакаме интеграција на Западниот Балкан, овие спорови еднаш засекогаш мораме да ги ставиме настрана“, рече Стуб.

Финскиот шеф на дипломатијата повтори дека неговата земја принципиелно ја поддржува Македонија во процесот на пристапување кон Унијата.

Од македонска страна, Милошоски најави поддршка на финската апликација за непостојан член на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Во однос на името рече дека од грчка страна очекува реализација на декларативните заложби.

“Сметаме дека од реторика треба да прејдеме на дела, а она што го слушаме од новата грчка влада е една многу добра реторика што е на европско ниво. Но кога треба да се донесат важните одлуки, за жал им недостигаат кредибилни дела за да може да веруваме дека овој процес има перпектива за напредок и позитивно разрешување“, изјави Милошоски.

Шефот на финската дипломатија изрази очекување дека поголемите земји во Унијата, вклучувајќи го и нејзиниот претседател Херман Ван Ромпуј преку директни средби со грчкиот премиер Јоргос Папандреу ќе извршат влијание за надминување на проблемот со името со Македонија.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот