Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Коларов: Покрај Станковиќ и Пандев лесно ќе се прилагодам во Интер

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Коларов: Покрај Станковиќ и Пандев лесно ќе се прилагодам во Интер

Пишување by BuDaLoTo_DeTe_ on Саб Јан 30 2010, 17:20

Српскиот интернационалец, Александар Коларов вели дека посакува да се
пресели во шампионски тим и додава дека покрај Станковиќ и Пандев лесно
ќе се прилагоди во Интер

Нероаѕурите силно го посакуваат левиот бек на Лацио, Александар
Коларов откако Кристијан Киву заработи скршеница на черепот и
најверојатно ќе паузира до крајот на сезоната.


Интер веќе достави неколку понуди до Бјанкочелестите но Лацио ја отфрли можноста да го продаде Коларов.

За медиумите од Србија, Коларов рече: “Овде во Италија во
последните 15 дена постојано сум дел од вестите на медиумите.”


“Нема да лажам, убаво е да се знае дека за двеипол години од
анонимец се равив во играч за кого Лацио добива понуди вредни 10 или
повеќе милиони евра.”


“Но веќе се уморив од одговарање на прашањето ’Кога ќе
се преселам во Интер?. Клубот има своите услови и планови, јас ито
така...”


“Ќе видиме дали во овие неколку последни денови од трансфер пазаорт ќе се случи нешто.”

“Дали сакам да им се приклучам на Станковиќ и Пандев? Двајцата
ми се пријатели многу ги поштувам и често се слушаме но работата е
нешто друго.”


“Покрај Дејан и Горан сигурно ќе се адаптирам побрзо во Интер,
но сите знаат дека не сум само јас тој што одлучува во оваа
приказна.”


“Но морам да признам дека и не ми се напушта Лацио. Имам
минутажа, своја позиција и почит која сум ја посакувал кога сум дошол
во Италија. Едноставно ми недостасува трофеј.”


“Посакувам екипа со која ќе можам да го подигнам победоносниот пехар. Тоа е следната цел во мојата кариера.”

“Мурињо? Тој е голем тренер, секоја чест за неговите успеси.
Но има и други екипи кои имаат традиција во освојувањето на трофеи и
амбиција.”


“Лацио во моментов е во незгодна ситуација, се обидуваме
некако да се избориме за квалификации за Лига Европа, но кој знае
можеби следната сезона ќе направиме топ тим и ќе се бориме за
Скудетото.”


“Во тој случај нема да биде ништо чудно доколку го испочитувам договорот до 2012.”
avatar
BuDaLoTo_DeTe_
Најjакиот
Најjакиот

Male
Sagittarius

Расположение :
Треснал Глупости : 149
Поени : 446
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 24
Се наоѓам : kaj Megan Fox
Ден на регистрирање : 2009-06-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот