Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Стартува Кредитното биро

Go down

Стартува Кредитното биро

Пишување by GBL on Сре Јан 27 2010, 19:56

Македонското кредитно биро од денеска почнува со оперативно работење. Со неговото стартување се очекува да се создадат услови за зголемување на финансиската дисциплина во намирувањето на обврските, како и за поголема финансиска стабилност на членките на Бирото и спречување на презадолженоста на правните и физичките лица.



Македонското кредитно биро е акционерско друштво основано од Клириншката куќа Интербанкарски системи АД Скопје, во името на банките, кое своето работење го уредува во согласност Законот за кредитно биро. Се основа како резултат на иницијативата и поддршката од Владата на Република Македонија.

Неговата функција е да собира и обработува податоци за обврските на субјектите и редовноста во нивното исполнување. Бирото ќе обезбедува извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските за лица кои се однесуваат на обврски по кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комуналните давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги. Податоците ќе ги доставуваат членките на Македонското кредитно биро, како банки, осигурителни друштва, друштва за финансиски лизинг, други даватели на кредити, друштва за работа со платежни картички, Управата за јавни приходи, Централниот регистар на Република Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија, градот Скопје и единиците на локалната самоуправа, даватели на услуги од областа на комуналните дејности, енергетиката, телекомуникациите и други трговски друштва кои даваат услуги по основ на кои настануваат обврски за правните и физичките лица.

Кредитното биро, давателите на податоци и корисниците на податоци се должни податоците и извештаите за поединечните лица да ги заштитат и чуваат како деловна тајна, за што ќе преземаат соодветни административни, технички и организациски мерки согласно Законот за заштита на личните податоци. Дирекцијата за заштита на личните податоци врши надзор над работењето на Македонското кредитно биро и има дадено согласност на неговите акти во делот што се однесува на заштитата на личните податоци. Македонското кредитно биро има поддршка и од Светската банка и УСАИД Македонија.

Од денеска е активна и интернет страната на Македонското кредитно биро www.mkb.mk.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот