Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Обама: Нема магично решение за буџетскиот дефицит

Go down

Обама: Нема магично решение за буџетскиот дефицит

Пишување by GBL on Сре Јан 27 2010, 01:38





Американскиот претседател Барак Обама изрази најсилна поддршка за претседателот на Управата за федерални резерви (Централната банка) Бен Барнанке и изјави дека тој добро си ја врши работата.

- На чело на Федералните резерви имаме потреба од човек, кој ќе гарантира дека напредокот во стабилизирањето на економијата ќе продолжи и сметам дека најсоодветниот за тоа е Бернанке, рече Обама.

Претстои Сенатот да гласа оваа седмица дали претседателот на Централната банка ќе биде реизбран за втор четиригодишен мандат.

Обама исто така истакна дека најлошото што може да се стори кога економијата е слаба е да се зголемат даноците.

- Нема магично решение за огромниот буџетски дефицит, истакна претседателот. - Се надевам дека и демократите и републиканците во Конгресот ќе се присоединат кон моите напори за решавање на проблемот, наместо да се обидуваат да ја префрлуваат вината на некој друг, рече Обама.

Тој очекува министерот за финансии Тимоти Гајтнер и економскиот советник на Белата куќа Лари Самерс да останат на функциите.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот