Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Баба Ванѓа

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Баба Ванѓа

Пишување by tiggy sparrow on Нед Окт 25 2009, 20:57

Што мислите за бабава?Слушам и до ден денес ја зборат...

Се мисли,се се случило откако како девојче,била погодена од гром,и го изгубила видот...И од тогаш имала визии,можела да прераскажува судбина итн.

tiggy sparrow
Почетник
Почетник

Female
Pisces

Треснал Глупости : 4
Поени : 6
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 25
Се наоѓам : Skopje
Ден на регистрирање : 2009-10-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Баба Ванѓа

Пишување by GBL on Сре Окт 28 2009, 02:05

ахахахааха Very Happy Very Happy

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Баба Ванѓа

Пишување by MkDvirus on Нед Ное 08 2009, 16:10

еве повеќе за неа..

Преткажувањата
на Баба Ванѓа почнаа да се остваруваат. Знаејќи во каква економска
криза е поголемиот дел од Земјата, брзината со која Кина расте на секој
план како и почетокот на изградбата на новото вештачко сонце укажува
сепак на точното претскажување на Баба Ванѓа.

Баба Ванѓа
(Вангелија Пандева Димитрова) е родена на 31 јануари 1911, а потекнува
од Македонија од Струмичкиот крај. Еден ден кога била мала додека се
шетала по поле започнала бура во тој момент се онесвестила и паднала на
земјата, а кога се разбудила видот и бил изгубен. После неколку дена
приметила дека има дарба и моќ да им помага на луѓето. На почетокот
комшиите и доаѓале дома и ја прашувале за маките што ги имале, а она им
кажувала што да прават. Набргу се раширил гласот за неа низ цела
Бугарија и пошироко. Можела да пронајде изгубена личност, знаела каде
расте некое растение, во некој дел од земјата каде што никогаш не била,
што лечи одредена болест. Можела да застане на некое место и да види
што се случувало на тоа место стотина години наназад.
Се омажила во
Бугарија и го добива презимето Гуштерова. Најголем дел од нејзиниот
живот го поминала во регионот Рупите на Кожуф планина во Пиринска
Македонија, Бугарија. Верниците во неа ѝ припишуват дека имала можност
за предвидување, претскажување, разговарање со цвеќиња и ментално да
посети различни места на земјава. Инаку, многу ја сметале и за лажна.
Се преправала дека ги знаела тајните за Александар III Македонски.
Денес, голем број на информации, од кои и повеќето се дискутабилни,
можат да се најдат во книгата посветена за неа, а напишана од нејзината
внука.
baba_vangja_grob.jpgТаа ја знаела точната дата на својата
смрт (11 август 1996) и пред да почине рекла дека дарба како нејзината
наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција и за кое
наскоро ќе слушнеме.

Исцелителски способности
Баба Ванѓа
лекувала со природни лекови од растенија и цвеќиња, затоа што сметала
дека премногу апчиња не дозволуваат организмот сам да се избори против
болеста. Исто така препорачувала луѓето кои применуваат природни
лекови, да користат растенија и билки од средината и земјата каде
живеат.

Таа не се плашела од смртта и велела дека не постои
смрт. „После смртта телото се распаѓа, како и сè што е живо, но делот
од телото, душата или како да го наречам, не се распаѓа. Зборувате за
повторно раѓање? Не знам што е тоа. Она што останува од човекот, тоа е
душата, која продолжува да се развива во повисоки нивоа и тоа е
нејзината вечност“, вели таа во разговор со еден човек од театарот.

Баба
Ванѓа сметала дека човекот се раѓа за да прави добри дела. Според неа
ниедна лоша работа која ја направил човекот, не останува неказнета.
Секогаш следува казна, ако не на оној кој сторил лошо, се одразува на
неговите деца.

Претскажувачки способности
Нејзините
способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало
девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош.

Нејзината
дарба како јасновидец и претскажувач била посебна. Таа видела многу
работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да
посетува различни места на земјата. Баба Ванѓа ги објаснила своите
исклучителни способности, со присуство на невидливи суштества на кои не
им го знаела потеклото. Тие ѝ ги давале информациите за луѓето, и
нивниот живот ѝ бил како филм пред неа од нивното раѓање па сè до
смртта.

Многу познати политичари, меѓу кои и Хитлер, ја имаат
посетено. Тој излегол видно вознемирен од нејзината куќа. Најстрашните
предвидувања на Баба Ванѓа се за Руската нуклеарна подморница Курск
која потона во август 2000 година, за која таа уште во 1980 година
предвиде дека ќе предизвика катастрофа. Таа ги предвидела и нападите на
Кулите-Близначки во Америка уште во 1989 година каде рекла дека невина
крв ќе биде пролеана.

Таа зборувала за иднината иако не сакала.
Според нејзините кажувања, за 200 години човекот ќе оствари контакт со
браќа по умот од други светови. Дури велела и дека многу вонземјани
живеат на Земјата со години и дека се од планетата која на нивен јазик
се нарекува WAMFIM и тоа е трета планета од Земјата.

Предвидувања:
2006
– Муслиманите ќе измиослат нов страшен вид на оружје. Сите ќе почнат да
се приготвуваат за војна, да собираат резерви од оружје, храна,
лекарства, вода и анти-гасови, ќе почнат да бегаат во планините, во
шумите, во пештерите итн.

2008 – Конфликт во Хиндустан. Ова ќе биде една од причините за третата светска војна.

2009 - Светска економска криза. САД ќе ослабне.

2010
– Ќе започне трета светска војна. Војната ќе почне во ноември 2010 г. а
ќе заврши во октомври 2014 г. Ќе почне како обична(со конвенционално
оружје), потоа ќе биде применето на почетокот атомско а потоа и хемиско
оружја.

2011 - Како резултат на радиоактивни отпадоци на
северната полутопка нема да останат ни животни ни растенија. Потоа
муслиманите ќе почнат хемиска војна против преостанатите живи европејци.

2012 - САД ќе се подели на 5 самостојни држави.

2014 – Поголемиот дел од луѓето ќе страдаат од чирови, рак на кожата и други кожни болести (последици од хемислата војна)

2016 – Европа ќе биде речиси без население

2018 – Кина ќе стане нова светска велесила. Земјите во развој од експлоатирани ќе се претворат во експлоататори.

2023 – Малку ќе се измени орбитата на Земјата.

2025 – Европа се уште ќе биде малку населена.

2028
– Ќе се создаде нов извор на енергија (најверојатно ова ќе биде
контролирана термонуклеарна фузија). Гладот постепено ќе се надмине. Ќе
стартува вселенски брод кон Венера управуван од човек.

2033 – Поларните луѓе тонат. Се зголемува нивото на Светските океани.

2043 – Светската економија ќе процвета. Европа ја водат муслиманите.

2046 – Ќе може да се пресадуваат сите органи. Замената на органите ќе стане еден од најдобрите методи на лечење.

2066 – За време на нападот на муслиманскиот Рим, САД применуваат нов вид на оружје – климатско. Нагло застудува.

2076 – Блескаво општество (комунизам)

2084 – Обновување на природата

2088 – Нова болест – стареење за неколку секунди!!!

2097 – Брзото стареење е победено.

2100 – Вештачко “Сонце” ќе ја осветлува темната страна на Земјата.

2111 – Луѓето ќе станат киборзи (живи роботи)

2123 – Војни меѓу мали области. Државите нема да се вмешаат.

2125 – Во Унгарија ќе пристигнат сигнали од вселената

2130 – Колонии под вода

2164 – Животните се претвараат во полулуѓе

2167 – Нова религија.

2170 – Голема суша.

2183 – Колонијата на Марс ќе стане нуклеарна сила и ќе побара независност од Земјата (како на времето САД од Англија)

2187 – Ќе се запре ерупцијата на 2 големи вулкани.

2195 – Морските колонии целосно ќе снабдуваат и со енергија и со храна.

2196 – Целосно мешање на азијатите и европејците.

2201 – Термонуклеарниот процес на сонцето забавува. Ќе застуди.

2221 – Во потрага по вонземјани, човештвото стапува во контакт со нешто ужасно.

2256 – Вселенски брод ќе донесе на земјата нова страшна болест.

2262 – Постепено се менуваат орбитите на планетите. На Марс му се заканува комета.

2271 – Повторно ќе бидат изменети физичките “константи”

2273 – Мешање на жолтата, белата и црната раса. Нови раси.

2279 – “Енергија од ништо” (веројатно од вакуум или од “црните дупки”)

2288 – Патување во времето. Нови контакти со вонземјани.

2291 – Сонцето се гаси. Ќе се преземат обиди за да се запали пак.

2296 – Се изменува силата на тежата. Почнуваат да паѓаат старите вселенски бродови и станици.

2299 – Во Франција – партизанско движење против исламот.

2302 – Ќе бидат откриени нови важни закони и тајни на Вселената.

2304 – Ќе биде откриена е тајната на месечината

2341 – Нешто страшно се приближува кон од вселената кон Земјата.

2354 – Хаварија од едно од вештачките Сонца доведува до суша.

2370 – Голем глад

2378 – Нова раса што брзо се развива.

2480 – Ќе има 2 вештачки Сонца. Земјата е во самрак.

3005 – Војна на Марс. Ќе се наруши траекторијата на планетите.

3797 – Во ова време на земјата ќе загине се живо, но човештвото ќе најде сили за нов живот во друг ѕвезден систем.
Извор
avatar
MkDvirus
Почетник
Почетник

Male
Aquarius

Треснал Глупости : 9
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : Во моето тело!
Ден на регистрирање : 2009-08-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Баба Ванѓа

Пишување by GBL on Нед Ное 08 2009, 16:48

ЛоЛ

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Баба Ванѓа

Пишување by MkDvirus on Пон Ное 09 2009, 03:52

GBL напиша:ЛоЛ
зШ лол?
avatar
MkDvirus
Почетник
Почетник

Male
Aquarius

Треснал Глупости : 9
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : Во моето тело!
Ден на регистрирање : 2009-08-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

zakon

Пишување by ljupce on Пет Мај 07 2010, 21:55

ne mi se veruva ova sto babava go zboruva!!!ama sepak e vistina

ljupce
Почетник
Почетник

Male
Leo

Треснал Глупости : 1
Поени : 1
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 22
Се наоѓам : macedonia
Ден на регистрирање : 2010-05-07

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Ile

Пишување by Ile on Нед Мај 09 2010, 23:25

Glupa rabota do 2700godina ce te nema bre bratce

Ile
Почетник
Почетник

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 1
Поени : 1
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 20
Се наоѓам : Kavadarci
Ден на регистрирање : 2010-05-09

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Баба Ванѓа

Пишување by GBL on Пет Мај 14 2010, 09:58

MkDvirus напиша:
GBL напиша:ЛоЛ
зШ лол?

зашто

2010 трета светска војна ахаахахахааххахахах!

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Баба Ванѓа

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот