Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

ASP.NET Глобализација и локализација - Part 1

Go down

ASP.NET Глобализација и локализација - Part 1

Пишување by Kosta on Сре Јан 28 2009, 03:17

ASP.NET глобализација и локализација

Глобализација е процес на дизајнирање и развивање на апликации кои се функционални за многукратни култури. Локализација е процес на прилагодување на вашата апликација за дадена култура и локал. Овој пост објаснува како да креирате ASP.NET веб апликација која може да се адаптира на ралични јазици и култури.

Локализирање на ASP.NET веб страни со користење на ресурси (Resources)

Локализација е процес на прилагодување на вашата апликација за дадена култура и локал. Локализацијата се состои од преведување на корисничкиот интерфејс. Во овој пост ќе објасниме како да користиме ресурси за да ги локализираме содржините на ASP.NET страните.

Преглед на ASP.NET ресурсите (Resources)

Ако креирате веб страни кои ќе бидат посетувани и читани од луѓе од различни култури и јазици, мора да овозможите начин за читателите да ја видат страната на нивниот сопствен јазик. Еден пристап е да ја направите истата страна неколку пати за секој јазик. Меѓутоа, тој пристап може да биде премногу напнат, склон на грешки, и тежок за одржување како што ќе ја променувате оргиналната страна.

ASP.NET овозможува механизам за креирање на страница што може да обезбеди содржини и други податоци, врз основа на преодредениот јазик на пребарувачот или пак врз основа на изборот на одреден јазик од страна на корисникот. Содржините и другите податоци се познати како ресурси и таквите податоци може да бидат складирани во ресурс датотеки или други извори.

Во ASP.NET веб страната, вие ги конфигурирате контролите за да ги добиете вредностите на нивните својства од ресурсите. Во runtime (време на извршување), ресурсите се заменуваат со ресурсите од соодветните ресурс датотеки.

Ресурс датотеки (Resource Files)

Ресурс датотеката е XML датотека што содржи стрингови кои што вие сакате да ги преведите во различни јазици или патеки до слики. Ресурс датотеката содржи клуч/вредност парови. Секој пар е поедин ресурс. Имињата на клучевите не се case sensitive. На пример, ресурс датотеката може да содржи ресурс со клуч Button1 и вредност Submit.

Вие креирате одделни ресурс датотеки за секој јазик (на пример, Англиски и Македонски) или пак за јазици и култури (на пример English [U.K.], English [U.S.], Macedonia [mk-MK]). Секоја локализирана ресурс датотека ги содржи истите клуч/вредност парови; единствената разлика е тоа што локализираниота ресурс датотека може да содржи помалце ресурси за разлика од подразбирливита (default) ресурс датотека. Вградениот процесирачки јазик потоа го вчитува преодредениот или подразбирливиот ресурс.

Ресурс датотеките во ASP.NET имаа .resx екстензија. Во време на извршување (runtime), .resx датотеката се компајлира во асембли, кое што понекогаш е познато како satellite асембли. Бидејќи .resx датотеката се компајлира динамички, како и ASP.NET веб страните, вие не мора да креирате ресурс асембли. Процесот на компилација ги собира неколку слични-јазични ресурс датотеки во едно исто асембли.

Кога креирате ресурс датотеки, вие започнувате со креирање на основни .resx датотеки. За секој јазик кој сакате да го додадете, креирате нова датотека која го има истото име. Но, во името, го вклучувате и јазикот или културата (името на културата). За листа на имиња на култури, може да ја погледнете CultureInfo класата (класа која нуди информации за специфични култури. Информациите вклучуваат: име на културата, writing систем, користење на календар и форматирање на датуми). На пример, вие можете да ги креирате следниве датотеки:

• WebResources.resx
Основната ресурс датотека. Ова е подразбираната (default) ресурс датотека.

• WebResources.mk.resx
Ресурс датотека за Македонски.

• WebResources.es.resx
Ресурс датотека за Шпански.

• WebResources.es-mx.resx
Ресурс датотека за Шпански (Мексико) специјално.

• WebResources.de.resx
Ресурс датотека за Германски.

Во време на извршување (runtime), ASP.NET ги користи ресурс датотеките кои најдобро одговараат за тековното UICulture својството (својство кое ги зема или ги поставува тековните култури кои се користат од Resources Manager). UI културата за нитката е поставена во зависнот од UI културата на страната. На пример, ако тековната UI култура е Шпански, ASP.NET ја користи компајлираната верзија на WebResources.es.resx датотека. Ако нема никаква информација за тековната UI култура, ASP.NET ја користи подразбираната (default) датотека. Започнува со пребарување на ресурси за специфична култура. Ако тие не се расположливи, пребарува ресурси за преодредената (default) култура, во нашиов случај тоа е WebResources.resx.

Креирање на ресурс датотеки за ASP.NET веб страни

Во ASP.NET, можете да креирате ресурс датотеки кои имаат различен простор на важење (scope). Можете да креирате ресурс датотеки кои се глобални, што значи дека можете да ги читате ресурс датотеките од секоја страна или код кој се наоѓа во веб апликацијата. Исто така можете да креирате локални ресурс датотеки, кои складираат ресурси за една ASP.NET страна (.aspx датотека).

Глобални (Global) ресурс датотеки

Глобални ресурс датотеки можете да креирате ставајќи ги нив во резервираниот директориум App_GlobalResources во коренот (root) на апликацијата. Секоја .resx датотека која се наоѓа во App_GlobalResources директориумот има глобален простор на важење (scope). Дополнително, ASP.NET генерира а strongly typed објекти кои што ни овозможуваат едноставен начин за програмски пристап до глобалните ресурси.

Локални (Local) ресурс датотеки

Локалните ресурс датотеки се датотеки кои имаат важење за само една ASP.NET страна или корисничка контрола (ASP.NET датотека која што има екстензија .aspx, .ascx, или .master). Локалните ресурс датотеки се поставуваат во резервираниот директориум App_LocalResources. За разлика од App_GlobalResources директориумот кој се наоѓа во коренот (root), App_LocalResources директориумите може да се наоѓаат во секој директориум во апликацијата. Вие приврзувате множество од ресурс датотеки со специфична веб страна со користење на името на ресурс датотеката.

На пример, ако имате страна Default.aspx во App_LocalResources директориумот, вие можете да ги креирате следниве датотеки:

• Default.aspx.resx – Ова е подразбираната (default) локална датотека, ако не е пронајден некој јазик.

• Default.aspx.es.resx – Ова е ресурс датотека за Шпански, без инфомации за културата.

• Default.aspx.es-mx.resx - Ова е ресурс датотека за Шпански (Мексико) специјално.

• Default.aspx.mk.resx – Ова е ресурс датеотека за Македонски.

Основното име на датотеката е поврзано со името на страната, попратено со името на јазикот и културата, и на крај завршувајќи со .resx екстензија.

Локализирање на клиентски скрипти

Поддршката за локализација за ASP.NET AJAX клиентските скрипти е изградена врз основа на ASP.NET 2.0 моделот за локализација. Во овој модел, вие вметнувате скрити и локализирани ресурси за скриптите во hub – spoke организација на асемблите (satellite асембли). Потоа можете да селективно да ги користите овие вметнати клиентски скрипти и ресурси за специфични јазици и региони. Овој модел ви овозможува единствен код кој поддржава повеќе култури. Исто така има и поддршка за локализирани скрипти како што се .js (JavaScript) скриптите.

Избор помеѓу глобални и локални ресурс датотеки

Вие можете да користите која било комбинација од глобални и локални ресурс датотеки во веб апликацијата. Генерално, можете да додавате ресурси во глобалните ресурс датотеки кога сакате да ги делите ресурсите помеѓу страните. Ресурсите во глобалните ресурс датотеки се исто така strongly typed кога сакате програмски да пристапите до нив.

Меѓутоа, глобалните ресурс датотеки може да постанат големи , ако ги складирате сите локализирачки ресурси во нив. Глобалните ресурс датотеки исто така може да станат доста тешки за одржување, ако повеќе од еден програмер работи на различни страни, но сите користат една ресурс датотека.

Локалните ресурс датотеки се полесни за оддржување за една ASP.NET веб страна. Но неможете да ги делите помеѓу страните. Дополнително, можеби ќе треба да креирате повеќе локални ресурс датотеки, ако имате многу страници кои мора да бидат локализирани во повеќе јазици. Ако сајтовите се големи со многу директориуми и јазици, локалните ресурси брзо може да го прошират бројот на асембли во апликацискиот домаин.

Кога правите промени во подразбираната (default) ресурс датотека, било да е локална или глобална, ASP.NET ги рекомпајлира ресурсите и ја рестартира ASP.NET апликацијата. Ова може да ги ефектира перформансите на вашата страна. Ако додавате satellite ресурс датотеки, тоа нема да предизвика рекомпајлирање на ресурсите, но ASP.NET апликацијата ќе се рестартира.


Ова е првиот од неколку делови што ќе следат понтаму во врска со темата: ASP.NET Глобализација и локализација.
Вториот дел следува некаде околу 5 февруари.

_________________
Кај ми е сонцето бе !?
avatar
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение :
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

Преглед на профилот на членот http://www.najforumce.fairtopic.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот