Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Како се подготвуваат најпознатите коктели

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Како се подготвуваат најпознатите коктели

Пишување by najforumce on Саб Окт 18 2008, 14:52



Доколку некогаш ви дојде идеа да правите home cocktail party за вашите најблиски пријатели, еве неколку идеи за коктели. Викендот е добро време за коктел - журка !

Има 4 коктели за кои ќе биде прикажан начинот на подготовка. Зато припремете ги состојките и подгответесе за добра коктел забава со вашите најблиски пријатели.

Започнавме со најпознатите коктели правени со виски:

1. Класично Виски



Состојки:

- 40 мл сируп
- 20 мл вода
- 8 капачиња Bitter (алкохол на база на тревки, кој најчесто се користи како додаток за правење коктели, има горчливо- кисел вкус)
- 950 мл коцки мраз
- 180 мл бурбон виски
- 4 парчиња портокал
- 4 кандирани цреши


Начин на подготовка

Најпрво ставете го сирупот, водата и bitter-от во чаша за виски. Промешајте за да добро се искомбинираат вкусовите потоа ставете ги коцките мраз. Врз мразот ставете виски, и на крај додајте ги портокалот и црешата.

2. Сазерак (најстариот коктел кој постои)



Состојки:

- 5 мл ликер со вкус на анасон
- 8 гр бел шеќер
- 20 мл вода
- 8 капачиња Peychaud bitters
- коцки мраз
- 235 мл бурбон виски
- 55 гр сок од лимон


Начин на подготовка

Пред да се подготви коктелот ставете ги чашите во фрижидер. Ставете го ликерот од анасон во чашата, на тој начин што ќе ги намокрите ѕидовите од чашата. Додајте ја водата, шеќерот и bitter-от во чашата, и мешајте. Додајте ги коцките мраз, ставете го вискито и на крај сокот од лимон.

3. Минт Јулеп



Состојки:

- 235 мл вода
- 200 гр бел шеќер
- 6 гр грубо исецкани листови од нане
- 465 мл Kentucky бурбон
- 4 свежи ливчиња од нане за толчење

Начин на подготовка

Во еден мал сад комбинирајте ги водата, шеќерот и исецканите ливчиња од нане. Ставете ја смесата да се свари, се додека не се стопи шеќерот. Оставете ја смесата да се олади 1 саат , а потоа поминете ја сметата низ цедалка да се отстранат листовите од нане. Потоа додадете ги останатите состојки.

4. Шеги Менхетен



Состојки:

- 60мл сладок Вермонт
- 175 мл бурбон виски
- 4 капачиња bitter
- 4 кандирани цреши

Начин на подготовка

Наполнете го шејкерот со мраз. Ставете ги вискито , врмоноунтот и bitter-от, мешајте околу пола минута. Ставете ја смесата во чаши и додадете ги црешките.
avatar
najforumce
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот