Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Скандалозна караница на Елтон Џон и Лили Ален на доделувањето на GQ наградите

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Скандалозна караница на Елтон Џон и Лили Ален на доделувањето на GQ наградите

Пишување by najforumce on Чет Сеп 04 2008, 17:33



Во светот на модата и музиката постојат млади ѕвезди како Лили Ален и Мајлс Сајрус и "стари играчи" како Мадона или Елтон Џон кои не ги поднесуваат испадите на многу помладите ѕвезди кои се во подем.

Типичен пример на таква нетрпеливост се случи завчера во Лондон на годишното доделување на GQ наградите за нај маж. Лили Ален и Елтон Џон беа домаќини на оваа гламурозна приредба на која беа присутни многу слави личности, а скандалот кој тие го направија уште долго ќе се прераскажува.

Лили Ален уште на почетокот на грандиозната церемонија на доделување на наградите беше видно пијана, што беше уште поочигледно кога со сер Елтон Џон се качија на бината на Royal Opera House за да ја одработи улогата на водителка на церемонијата. Набрзо почна да мумла, да се сопнува со гломазниот Dolce&Gabbana фустан и да пцуе како кочијаш. Со себе носеше и големо шише со шампањско и кристална чаша која во текот на цела вечер ја полнеше и ја празнеше.

Кога 23-годишната Ален требаше да го најави највозбудливиот дел од вечерта Елтон Џон ја прекина со прашањето: „Што? Зарем ќе си сипеш уште една чаша шампањско?“, а потполно пијаната Лили Ален веднаш му одврати со зборовите: "Е.. се Елтоне. Јас сум четириесет години помлада од тебе и го имам целиот живот пред себе!" Од шокираната публика не се слушна ни глас, во салата неколку долги моменти владееше само тишина. Видно вознемирениот Елтон Џон се одлучи да возврати: "Се уште можам да те шмркнам под маса"

Елтон уште неколку пати вечерта во паузите е виден како се расправа со Лили Ален, а таа цела вечер наочиглед од сите не се одвојуваше од шишето со шампањско кое го украла од шанкот и кое на крај го скрши зад сцената. Со пијанчење продолжила и на забавата после доделувањето и на крајот од вечерта телохранителот буквално морал да ја носи до автомобилот затоа што не можела да стои на нозе.
avatar
najforumce
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот