Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!



Информација за RSS каналите


Што е RSS и како да го започнам користењето?

 

Што е RSS?

Следењето на информациите што ви се потребни станува сè потешко бидејќи секој ден се појавуваат нови веб сајтови. Нивното пребарување е навистина напорно, а вие всушност повеќе би сакале најновите информации да ви бидат директно испратени.

RSS (Really Simple Syndication - сосема едноставно објавување) ви овозможува да дознаете кога вашите омилени веб сајтови имаат објавено нови содржини. На едно место ќе добиете увид во најновите информации како на пр. главни настани, статии, аудио фајлови, фотографии и видео. Така, повеќе нема да морате секој ден да ги разгледувате бројните веб страници.

RSS функционира преку канали на кои што треба да се регистрирате на вашите омилени веб сајтови. Овие канали можат да се прегледуваат со помош на програма за читање на RSS. najforumce.com е само еден од бројните веб сајтови што овозможува RSS и понудени се RSS канали за сите наши области. RSS каналите се бесплатни, а сајтот на najforumce.com во моментов користи RSS 2.0.



Како да започнам?

Да почнеме со ред. За да можете да уживате во придобивките од RSS, ќе ви биде потребна програма за читање вести, која всушност претставува едноставен и бесплатен софтвер. Вашата програма за читање вести ќе ги провери RSS каналите и веднаш по објавувањето на нови содржини таа ќе ви овозможи да ги прочитате, и тоа токму оние содржини за кои сте се регистрирале.

Постојат различни програми за читање вести за различните оперативни системи, така што ќе треба да се одлучите за некоја што ќе може да работи на вашиот компјутер. На каналите можете да им пристапите преку вашиот пребарувач, или пак можете да ги преземете од интернет. Доколку изберете да им пристапите на RSS каналите преку вашиот пребарувач, тогаш ќе можете да ги прегледувате најновите содржини од кој било компјутер. Ако решите да преземете апликација за читање на RSS каналите, тогаш ќе можете да ги снимите содржините на вашиот компјутер слично како и кај e-mail сметките. Откога сте избрале програма за читање вести, ќе треба да се регистрирате за RSS каналите кои би сакале да ги читате.


Доколку сакате да бидете во тек со содржините на najforumce.com, ќе треба да се регистрирате на нашиот канал. Можете да се регистрирате со копирање на URL линкот на RSS каналот директно во програмата за читање вести. Кликнете на иконата за RSS вести на нашиот сајт, кликнете на Copy Link и направете Paste во вашиот RSS читач.


Список на RSS читачи сортирани според оперативен систем

Windows
Newz Crawler
FeedDemon
Awasu

Mac OS X
Newsfire
NetNewsWire

Linux
Straw
Liferea

Web
Bloglines
FeedZilla
NewsGator
Microsoft Live
My Yahoo!
Google Reader


Browser

Mozilla Firefox
Opera


[Назад]